Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29685
Наслов: | НУМЕРИЧКА АНАЛИЗА НА ХИДРОТЕХНИЧКИ ТУНЕЛ ВО СКЛОП НА РУДНИКОТ ТОРАНИЦА | Authors: | Zafirovski Zlatko Gacevski Vasko Nedevska Ivana Ristov Riste Ognjenovic Slobodan Susinov Bojan Abazi Sead |
Keywords: | хидротехнички тунел; конструктивна анализа; напонско-деформациона состојба; МКЕ; | Issue Date: | сеп-2023 | Publisher: | MASE -Macedonian Association of Structural Engineers | Conference: | THE 20th INTERNATIONAL SYMPOSIUM OF MASE | Abstract: | Хидротехничките тунели служат за да ја насочат водата. Подобро е да се градат во правец, бидејќи така би добиле најкратко решение за да се поврземе со акумулацијата, но секако има исклучоци, и ако условите не го дозволуваат тој правец, би имале тунел со кривини. Големината на овие тунели, како и нивниот попречен пресек зависат од некои фактори, како што е количината на проток на вода низ тунелот, метод на градење, внатрешниот притисок, геолошките услови и сл. Најчесто попречниот пресек е кружен и потковичест кај овој тип на тунели. За тунели со внатрешен притисок идеален пресек е кружниот, додека пак за гравитациони тунели најдобро е да се употреби пресек во форма на потковица. Во овој труд е претставена конструктивна анализа и пресметка на подградбите на тунелот, изведена е нумеричка анализа со која е определена напонско-деформациската состојба на карпестите маси од каде ќе се добијат статички големини потребни за димензионирање на пресеците. Проблемот на напонско- деформациската состојба е моделиран со примена на софтвер базиран на МКЕ, преку дводимензионална анализа на рамнинската состојба на деформации каде површинските слоеви како континуирана средина се апроксимирани со Mohr-Coulomb-ов материјален модел, додека за карпестата средина во која се избива тунелот е користен моделот на Hoek-Brown. За армирано-бетонските пресеци е применет линеарно еластичен модел. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/29685 | ISBN: | 978-608-66946-3-0 |
Appears in Collections: | Faculty of Civil Engineering: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Proceedings_MASE20_2.pdf | 3.18 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.