Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28067
Title: ЗДРАВСТВЕНА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ПОРАДИ ПРИСУСТВО НА ДЕТЕКТИРАНИ ENTEROBACTERIACEA
Authors: Рената Младеновска 
Ирена Брчина
Keywords: храна
мостри
бактериолошка
enterobacteriacea
безбедност на храна
Issue Date: 2023
Conference: VI Международна научно-практическа конференция
Abstract: ВОВЕД. Enterobacteriacea се главен меѓународен јавно здравствен проблем поради несоодветните опции за третман на пациентите и историски заостанато темпо на развој на нови антимикробни лекови. Несоодветната антимикробна терапија кај луѓето и животните, заедно со зголемената глобална поврзаност, помогната за пренос на инфекции отпорни на лекови, Enterobacteriacea имаат епидемиолошко значење бидејќи истите се сметаат за бактерии индикатори за микробиолошкиот квалитет на храната и хигиенскиот статус на производствениот процес. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже, колку е значајна контролата на безбедност на храната во насока на редовно спроведување на надзор на прехранбените производи кои се од домашно производство особено во занаетчиско производство. Групата бактерии од видот Enterobacteriacea која може да се детектира бактериолошки кај животните, но и кај луѓето има епидемиолошко значење од аспект на здравствените ризици кои се јавуваат поради консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа анализирани се податоци од добиени резултати од микробиолошка анализа на мостри од прехранбени производи во кои се детектирани Enterobacteriacea. Потоа за период од пет години, со анализа на софтверски обработени податоци во соодветни програми е извршена дистрибуција на обележјата според местото на добиениот примерок на храна, вид на детектирани неисправни мостри храна со акцент на бактериите Enterobacteriacea. РЕЗУЛТАТИ. Во петгодишниот период на нашето истражување примени се вкупно 29103 мостри од прехранбени производи за бактериолошка анализа на храната и нејзината безбедност за консумирање од населението. Анализирани се седумнаесет групи бактерии според видовите: Salmonnela SPP, Коагулаза позитивни стафилококи, Сулфиторедукувачки клостридиуми, вид бактерии од Proteus, Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes, Campilobacter SPP., Salmonela grupa C1, Enterobacteriacea, Lactobacilus, Escherichia coli O157:H7, Enterobacter sakazakii, Yersinia enterocolitica и вкупно квасци и мувли. Во вкупниот број на примени мостри храна од домашно производство и увоз детектирани се 0,47% на небезбедни примероци храна. Дистрибуција на најчести бактерии кои се детктирани во неисправните мостри храна се неколку типа на бактерии кои исто така учествуваат со 0,5% во неисправни мостри храна кои во континуитет се појавуваат секоја година во истраѓуваниот период 2016-2020 година како што се: Salmonnela SPP Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes и Enterobacteriacea. Во земени мостри 3743 храна за бактериска анализа на Enterobacteriacea, детектирани се неисправни мостри 1,38%. Оваа група на бактерии најчесто се детектира во млечни производи и производи од месо. Дистрибуцијата на неисправни мостри храна е извршена според местото на производство на прехранбени производи, па така кај неисправните мостри храна од увоз во која е детектирана групата на Enterobacteriacea процентот на неисправност се движи од 0,44% во 2017 година до 0,38% во 2020 година, односно незнатно се намалува. Што се однесува до процентот на неиправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, од домашното производство се движи од 3,65% во 2017 година до 2,04% во 2020 година и тука има незнатно намалување на бројот на неисправните мостри. Покачување на процентот на неисправни мостри од споменатата бактерија се забележува кај прехранбените производи од индустриско производство и истите изнесуваат од 0,49% во 2917 година до 1,36% во 2020 година. Резултатите во дистрибуцијата на неисправните мостри прехранбени производи кои се во групата на домашно занаетчиското производство укажуваат на намалување на процентот на неисправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, односно иако во 2017 година процентот е 14,06%, а во 2020 година изнесува 4,17%, што говори дека квалитетот на прехранбениот производ сеуште не е здравствено безбеден и може да предизвика здравствени последици кај населението. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати може со сигурност да заклучиме дека во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи најчесто е детектирана групата Enterobacteriacea и тоа најчесто поради небезбедно подготвување на храна. Ова значи дека писмените процедури за контрола согласно HACCP контролниот систем доследно не се применуваат и спроведуваат. Од погоре споменатите причини здравствената едукација е неопходно да се спроведува за безбедност на храната особено во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи. Затоа е потребно на операторите на храна да се ораганизираат Обуки за HACCP контролниот систем од стручни лица кои ќе ги едуцираат во целиот ситем на производство и промет на храна.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28067
ISBN: 978-954-383-148-7
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Konferencia Sociokulturnite kodove - last 4.09web 2023-07-11 (1).pdf10.74 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

22
checked on May 8, 2024

Download(s)

1
checked on May 8, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.