Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28066
Title: ЗДРАВСТВЕНИ РИЗИЦИ ОД НЕБЕЗБЕДНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Authors: Рената Младеновска 
Ирена Брчина
Keywords: вода
мостри
бактериолошка
здравствена исправност
безбедност на вода
Issue Date: 2023
Conference: VI Международна научно-практическа конференция
Abstract: ВОВЕД. Болестите предизвикани од небезбедна вода за пиење се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Податоците на СЗО говорат дека секоја година околу 500 милиони луѓе заболуваат од болести поврзани со водата за пиење. Околу 20% од светската популација немаат пристап до безбедна вода за пиење. Небезбедна вода за пиење е најголем јавно здравствен проблем на денешницата. Квалитетот на здравствената исправност на водата за пиење ги намалува здравствените ризици од цревни заразни заболувања. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже санитарно-хигиенската состојба на водоснабдување од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори и др.) во мал број на населени места во руралното подрачје на градот Скопје во кој живеат неколку илјади жители сепак користат небезбедна вода за пиење. Поради користење на небезбедна вода за пиење иако е несомнено мал бројот на ова население (неколку илјади) во однос на вкупниот број жители на градот Скопје, сепак постојат здравствени ризици по нивното живеење од аспект на појава на цревни заразни болести. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа, анализирани се софтверски податоци согласно бактериолошките анализи на примени 920 мостри вода од населени места во руралното подрачје на град Скопје и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии. РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период 2012–2017 година во Микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС примени се вкупно 5921 мостри од вода при што е направена дистрибуција на бројот на примени и бактериолошки неисправни мостри вода селектирани според местото на користење и употреба на водата од: ■ населени места кои се приклучени на градски водовод ■ јавни водоснабдителни објекти со кои управува јавно комунално претпријатие. ■ водоснабдителни објекти од сопствен водовод ■ локални водоснабдителни објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци) ■ викенд населби и хотелско-угостителски и туристички објекти кои имаат сопствени водоснабдителени објект ■ работни организации со сопствени водоснабдителени објект ■ водоснабдителни објекти кои имаат посебни својства (минерални, лековити и сл.) ■ останати водоснабдителни објекти (чешми, бунари, извори и др.) Анализите покажуваат дека мострите вода земени од градскиот водовод како и примероците вода земени од градските населби каде се приклучени на градскиот водовод и канализација, не се пронајдени неисправни мостри вода и не се детектирани бактерии во мострите вода, така да водата во Градот Скопје е безбедна за користење и пиење. Во трудот е анализирана и прикажана дистрибуција на мостри вода од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори идр.) во населените места во руралните средини од каде и земени 920 мостри вода за бактериолошко иследување и притоа се детектирани најчести бактерии за загадување на водата како што се: Pseudomonas spp.; Аеробни Мезофилни бактерии; Escherichia coli; Најверојатен број на Колиформни бактерии; Сулфиторедуцирачки клостридиуми; Proteus spp.; Enterococus. Анализата покажа дека вкупниот број на земените примероци вода од населени места во руралните подрачја (извори бунари, чешми) се 30,5% во однос на вкупниот број на земени мостри за градот Скопје, додека процентот на неисправни мостри од руралното подрачје во кои се детектирани бактерии, истите учествуваат со 15,5% во вкупниот број на детектирани неисправни мостри. Во населените места во руралните средини каде не е поставена водоводна мрежа ниту објектите за вода се приклучени на други локални водоводи каде месното население користи вода од други водоснабдителни објекти како на пример (чешми, бунари, извори и др.) детектирани се бактерии во 509 примероци вода. Процентот на неисправните мостри вода е висок и истиот по години се движи од 51,2% во 2012 година до 50,8% во 2017 година. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати од следењето на состојбата на водоснабдителните објекти и квалитетот на вода за пиење во руралните подрачја, може со сигурност да се заклучи дека водоснабдувањето е епидемиолошки несигурно, поради бактериолошка загаденост на водата за пиење. Детектираните бактерии со микробиолошка анализа ни укажуваат дека водата е загадена со бактери кои предизвикува цревни заразни заболувања. Здравствените ризици особено кај највулнерабилните групи од населението во руралните подрачја, оставаат последици по здравјето на населението и затоа е потребен континуиран мониторинг и евалуција за состојбата со водоснабдителните објекти.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28066
ISBN: 978-954-383-148-7
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Konferencia Sociokulturnite kodove - last 4.09web 2023-07-11 (1).pdf10.74 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

36
checked on May 8, 2024

Download(s)

6
checked on May 8, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.