Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27062
Title: Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид -19 пандемијата
Authors: Џамбаска, Елизабета
Лозаноска, Александра
Issue Date: 2023
Publisher: Економски институт-Скопје
Abstract: Целта на истражувањето во оваа Монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила. Со оглед на тоа дека во анализата е вклучен и периодот пред промената на уставното име на земјата, во соодветните делови се користи името Република Македонија. Анализата се однесува на макроекономските услови пред и за време на пандемијата во Република Северна Македонија, со фокус на економскиот раст и развој и пазарот на труд. Постојните статистички податоци, на годишно и квартално ниво, покажуваат значајни промени и намалувања на макроекономските индикатори како резултат на пандемијата. Намалената економска активност во Република Северна Македонија, продуцирана од значителното намалување на домашната и надворешната побарувачка во време на пандемијата, најмногу ги погоди: производствениот сектор, туризмот, трговијата и недвижностите, како и менаџирањето во овие сектори. Истовремено, таа наметна огромни предизвици за креаторите на политиките. Сите овие промени во голема мера влијаеја и на перцепциите и ставовите на вработените за тоа како Ковид-19 пандемијата се одрази врз животниот стандард, работата, продуктивноста и економијата. За таа цел беше спроведено анкетно истражување преку online анкета за да се добијат мислењата и ставовите на вработените во Република Северна Македонија за последиците од пандемијата во претходно наведените области. Резултатите од анализата на добиените одговори на анкетниот прашалник се ставени во контекст на теоретските сознанија и досегашните истражувања, а во насока на идентификување на можни начини за надминување на настанатите проблеми и последици од Ковид-19 кризата. Истите се анализирани и се презентирани во третиот дел на трудов.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27062
DOI: ISBN 978-608-4519-30-0
Appears in Collections:Institute of Economics: Books

Show full item record

Page view(s)

32
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.