Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26144
Title: Евалуација на коскена густина кај пациентки со системски лупус еритематосус
Authors: Павлова, С
Котевска, М. Н.
Антова, Д
Стојаноска, А. К.
Бојаџиоска, М 
Сандевска, Е 
Трајаноска, М
Кафеџиска, И 
Видиниќ, С
Issue Date: 30-Sep-2009
Publisher: Македонска Ревматолошка Асоцијација
Conference: ПРВ МАКЕДОНСКИ РЕВМАТОЛОШКИ КОНГРЕС - МААР 2009 = FIRST MACEDONIAN RHEUMATOLOGY CONGRESS MAAR 2009
Abstract: Вовед:Системскиот лупус еритематосус(СЛЕ) е автоимуно заболување во кое организмот е нападнато од сопствените клетки. Како резултат на тоа најразлични делови како што се зглобовите, кожата , бубрезите, срцето и белите дробови можат да бидат зафатени со воспалителен процес и оштетени. Во склоп на болеста како резултат на инфламаторниот процес и терапијата како последица доаѓа до намалување на коскената густина (заради пад на нивото на естрогените и терапијата со кортикостероиди).Затоа коскената густина е добар маркер како за самото заболување така и за целисходноста од самата терапија.Цели: Да се направи евалуација на коскената густинаи коскените маркери кај пременопаузални пациентки со СЛЕ во однос на контролна група, здрави пациентки. Матрејали и методи: Испитани се 20 пациентки кои ги задоволуваат критериумите за лупус според АРА критериумите и сер на средна возраст од 37 години, а биле лекувани амбулантски. Контролната група се состоеше од 25 здрави пациентки на средна возраст од 35 години. Од коскените маркери кои беа испитувани се: серумски калциум, фосфор, остеокалцин, партхормон, алкална фосфатаза, тестостерон, прогестерон, естрадиол, фоликулостимулирачки хормон, лутеинизирачки хормон. Методите за одредување на овие маркери беа стандардните лабараториски методи кои се користат во редовната клиничка практика. Коскената густина беше одредена со DEXA ( Dual Energy X-ray Absorptiometry), на колкови и на лумбалната кичма. Резултати: 42% имаа остеопенија ,15% остеопороза и 43% беа со нормална коскена густина на лумбалната кичма.38% имаа остеопенија ,40% беа со нормална коскена густина,а 22% остеопороза на колкот. Што се однесува до коскените маркери кај пациентките со СЛЕ,во однос на контролната група сигнификантно пониски вредности беа најдени за остеокалцинот. Сите други маркери (за формација и за ресорпција) не беа статистички различни во однос на контролната група, освен вредностите за фосфор( кои беа сигнификантно пониски во однос на контролната група) и вредностите на серумскиот калциум ( кои беа сигнификантно повисоки во однос на контролната група.Од стероидните хормони сигнификантна разлика имаше кај тестостеронот(пониски вредности кај СЛЕ од контролната група) и кај ФСХ(повисоки вредности кај пациентките со СЛЕ во однос на контролната група ). Заклучок : Евалуацијата покажа висока инциденца на остеопениа и остеопорза кај пременопаузалните жени со СЛЕ. Според тоа намалената коскена густина се должи на намалениот процес на коскена формација кај пациентки со СЛЕ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26144
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
МААР 2009.jpg2.19 MBJPEGThumbnail
View/Open
маар2009 1.jpg2.29 MBJPEGThumbnail
View/Open
маар 2.jpg96.47 kBJPEGThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

36
checked on Apr 29, 2024

Download(s)

8
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.