Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25362
Title: ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА САЛМОНЕЛОЗА
Authors: Рената Младеновска 
Ирена Брчина
Keywords: храна
безбедност
бактерии
бактериолошки анализи
салмонела
Issue Date: 20-May-2022
Conference: V Международна научно-практическа конференция ИКОНОМИЧЕСКА ИНТЕГРАЦИЯ И РЕГИОНАЛНО РАЗВИТИЕ
Abstract: Абстракт ВОВЕД. Безбедноста на храната е важен принцип во креирањето на здрави навики во исхраната. Миење на рацете, миење на овошјето и зеленчукот, спречувањето на вкрстената контаминација, готвење до безбедни температури во внатрешноста на храната, како и безбедно чување на храната во домашни услови се неколку од најважните принципи за безбедност на храната. Салмонелозата, претставува зооноза која кај човекот се манифестира како акутно инфективно заболување и има последици по здравјето кај населението. Најчести предизивикувачи од нетифоидните салмонелози се Salmonella typhimurium и Salmonella enteritidis. Резервоар и извор на заразатa се животните, а човекот се инфицира со конзумирање на контаминирана храна од животинско потекло. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да го прикаже следењето на микробиолошката (не)исправност на прехранбените производи од салмонела. Бидејќи бактеријата Salmonella spp лесно се размножува во храната без да ги промени органолептичките својства на истата, често пати населението при конзумирање на храната, не ни претпоставуваат дека веќе се затруле со храна. Затоа бактериолошкото следење на салмонелите има превентивна улога за заразните болести кои се пренесуваат со небезбедна храна. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа обработени се и анализирани софтверски податоци за период 2016-2020 година за извршени микробиолошки анализи на примероци (мостри) од храна според детектирани бактерии во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС. 321 РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период од 2016 до 2020 година во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС, анализите според групи на откриени бактерии укажуваат дека Salmonella spp го завзeма првото место од вкупниот број детектирани бактерии. Од вкупниот број 29103 извршени бактериолошки анализи според откриени бактерии, 24,6% се примероци (мостри) храна од увоз додека 75,4% се од домашно производство. Од вкупниот број на примени мостри од промет и домашно производство 64,7% отпаѓаат на занаетчиско производство. Процентот на неисправни мостри во истражуваниот период, според детектираните бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година или вкупно 137 неисправни мостри. Во истражуваниот петгодишен период за бактериолошка анализа на мостри храна според детектираниот број на откриени бактерии, Salmonella spp е детектирана со 24.4%. Од вкупниот број 7094 на детектирани салмонели во мострите храна од увоз отпаѓаат 6,9%, додека 93,1% се од домашно производство. Во вкупниот број на земените мостри за бактериолошко иследување според бактериите во прометот и домашното производство, занаетчиското производство учествува со 69.3%. Процентот на неисправни мостри од Salmonella spp во истражуваниот период е само 3 неисправни мостри или истите се движат од 0.06% во 2016 година до 0.10% во 2020 година. Во прометот и домашното производство се детектирани сите три неисправни мостри или во занаетчиското производство се две неисправни мостри и една мостра во 2016 година од индустриското производство. ЗАКЛУЧОК. Според МКБ 10 Ревизија, во групата на цревните инфективни болести, салмонелниот ентерит како и локализирани салмонелни инфекции (A02) настануваат како резултат на алиментарни труења со салмонела во храната, како инфекција или алиментарна интоксикација предизвикана со било кој тип на Salmonella, освен Salmonella typhy и Salmonella paratyphy. Петгодишната анализа на примени мостри храна за бактериолошко иследување на најчести групи на бактерии кои се појавуваат во небезбедните мостри во анализираниот период, кои се испитуваат во бактериолошката лабораторија во ЦЈЗС, Salmonella spp е на прво место, потоа следуваат Escherichia coli, вкупниот број на видовите Enterobacteriacea, мувли, квсци и други останати бактерии. 322 Процентот на неисправите мостри од споменатата бактерија е незнатен и тоа укажува дека храната која се консумира е безбедна храна за потрошувачите и дека операторите и произвводителите ги запазуваат процедурите на HACCP контролниот систем за безбедност на храната. Клучни зборови: храна, безбедност, бактерии, бактериолошки анализи, салмонела.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25362
ISBN: 978-954-383-145-6
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

83
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

15
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.