Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21839
Title: ЗАСТАПЕНОСТ И ЗНАЧЕЊЕ НА СИНДРОМОТ НА ПОСТПОРОДИЛНАТА ДИСГАЛАКЦИЈА КАЈ ФАРМСКИ ОДГЛЕДУВАНИТЕ МАТОРИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Authors: Branko Angjelovski
Keywords: маторици, застапеност, постпородилна дисгалакција, изолација, Escherichia coli, PCR, ETEC, APEC, ExPEC
Issue Date: 29-Nov-2017
Abstract: Синдромот на постпородилна дисгалакција (СПД) претставува заболување коешто се карактеризира со нарушена здравствена состојба на маторицата, придружена со намалена млекопродукција и зголемена смртност на новородените прасиња во првите 12 до 48 часа по партусот. Овој мултифакторијален синдром бил предмет на повеќе клинички и епидемиолошки студии што ги истражувале преваленцата, клиничките знаци и влијанието на одредени ризични фактори поврзани со неговата појава. Во Република Македонија (РМ) сѐ уште нема доволно податоци за присуството и значењето на СПД кај фармски одгледуваните маторици. Ова истражување имаше за цел да ја одреди застапеноста и клиничките знаци на СПД кај фармските маторици во РМ и да ја одреди застапеноста на бактериските видови, со посебен акцент на изолатите на Escherichia (E.) coli. Допонителна цел беше да се утврдат причинско-последичните фактори поврзани со СПД. Во истражувањето беа вклучени вкупно 202 маторици од 5 свињарски фарми во РМ. Маториците и нивните легла беа клинички прегледани 12-24 часа по прасењето, а за бактериолошка анализа беа земени вагинални брисеви, урина и млеко. За време на клиничкиот преглед беа земени податоци за бројот на прасило кај маторицата, бројот на вкупно родените, како и на живородени и мртвородени прасиња по легло. Дополнително беа добиени податоци и за бројот на угинати прасиња во тек на лактација и за бројот на одбиени прасиња по легло. Добиените изолати на E. coli беа испитани со мултиплекс PCR (mPCR) за присуство на одредени вирулентни гени поврзани со екстраинтестинални патогени E. coli (ExPEC), ентеротоксигените E. coli (ETEC) и други патогени соеви на E. coli. Синдромот на постпородилна дисгалакција беше детектиран кај 23,3% од клинички испитаните маторици, а во однос на фармите застапеноста се движеше од 14,8% до 38,1%. Променетото однесување на прасињата беше најчесто застапен клинички критериум, појавен кај 68,1% од болните маторици (СПД маторици). Хипогалакцијата беше најзастапена (74,1%) кај младите маторици, додека патолошкиот вагинален исцедок беше најдоминантен клинички знак, забележан кај 90% од постарите маторици (прасило ≥3). Бактериите од фамилиите Enterobacteriaceae, Staphylococcaceae и Streptococcaceae беа најчесто изолирани бактериски видови и кај СПД маториците и здравите маторици (НСПД маторици), подеднакво. E. coli беше значително позастапена во вагиналните брисеви на СПД (57,4%) за разлика од вагиналните брисеви кај НСПД маториците (26,5%). Kај СПД маториците беше утврдена значителнa разлика во процентот на примероците млеко без бактериолошки раст (53,2%), наспроти вагиналните брисеви без бактериолошки раст (10,6%). Вирулентните гени од групата на авијарните патогени E. coli (APEC) беа почесто присутни кај СПД маториците, додека бројот на прасилото беше значително повисок кај НСПД (4,46) во споредба со СПД маториците (2,83). Спроведениот клинички преглед овозможи навремена и адекватна дијагноза на СПД кај фармските маторици во РМ. Повисоката застапеност на E. coli во вагиналните брисеви кај болните маторици укажува дека гениталниот тракт игра есенцијална улога во клиничката манифестација на синдромот. Повисоката застапеност на гените од APEC групата кај СПД маториците ја потврди поврзаноста на одредени ExPEC соеви коишто не можеа да бидат категоризирани во одреден патотип. Подобрувањето на менаџерските и хигиенските практики во перипарталниот период, особено кај помладата популација маторици, може значително да ја намали појавата на СПД.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21839
Appears in Collections:Faculty of Veterinary Medicine: PhD Theses

Show full item record

Page view(s)

61
checked on Apr 15, 2024

Download(s)

46
checked on Apr 15, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.