Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Journal Articles
  4. Наши почетни искуства од воведувањето на медикаментозниот абортус до 12-та гестациска недела на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје
Details

Наши почетни искуства од воведувањето на медикаментозниот абортус до 12-та гестациска недела на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје

Journal
Medicus
Date Issued
2021
Author(s)
Лусјани Кефсер
Созовска Ева
Abstract
Вовед: Медикаментозниот абортус претставува прекин на бременост со примена на таблети и според препораките на Светската Здравствена Организација претставува ефикасна и безбедна опција за пациентките.
Со набавката на лековите потребни за медикаментозниот прекин на бременост (МПБ) преку превентивна
програма на Министерството за здравство на Р.С. Македонија во 2020 година истата стана достапна и за
нашите пациентки. Со донесување на Новиот закон за прекин на бременост во Мај 2019 година и Клиничкото упатство за прекинување на бременоста во Декември 2020 година беа исполнети и законските регулативи за примена на медикаментозниот абортус.
Цели: Да се утврди ефикасноста на медикаментозниот прекин на бременост до 12-тата гестациска недела, преку утврдување на процентот на успешно завршени абортуси без потреба од дополнителна интервенција (киретажа).
Да се утврди прифатливоста на методата преку утврдување на процентот на пациентки кои се задоволни од методата и би ја препорачале на свои пријателки.
Материјал и методи: Во студијата се опфатени 123 пациентки на репродуктивна возраст кај кои е изведен медикаментозен прекин на бременост (МПБ) во прв триместар на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во период од 01.10.2020 година до 01.07.2021 година. За реализација на целите на студијата изготвени се:
1. Протокол за примена на медикаментите (Мифипристон и Мизопростол), кој опфаќа дозажа, дози, начин на
апликација, временски интервал од примена на Мифепристон до Мизопростол, контролен преглед, советување за контрацепција. 2. Прашалник за задоволство на пациентките од медикаментозниот прекин на бременост (МПБ).
Резултати: Медикаментозниот абортус во првиот триместар од бременоста бил успешен кај 112 пациентки (91,1%). Инструментална ревизија на шуплината на матката заради пролонгирано крварење или заради резидуални маси во шуплината на матката била направена кај 11 пациенкти (8,9%). Мизопростол бил додаден за завршување на МПБ кај 26 пациентки (18,7%). Во однос на задоволство од методата 98 пациентки (79,7%) се изјасниле дека се многу задоволни, донекаде задоволни биле 10 пациентки (8,1%), незадоволни биле 4
пациентки (3,3%).
Заклучоци: Медикаментозниот абортус претставува ефикасна метода за прекин на бременост во првиот триместар, со помалку компликации во однос на хируршкиот абортус. Истиот може да се изведува во домашни услови што е особено важно бидејќи се наоѓаме во пандемија со корона вирус. Во ретки случаеви е потребна хоспитализација на пациентките. Воведувањето на едноставна, нехируршка метода за прекин на бременост претставува значаен чекор напред во подобрување на репродуктивното здравје на жените.
Subjects

медикаментозен аборту...

мифепристон

мизопростол

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

medicus-dhjetor-2021.pdf

Size

1.57 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):b2ddf28df09bd9b6b07627d46780f7f1

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify