Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21783
Title: Наши почетни искуства од воведувањето на медикаментозниот абортус до 12-та гестациска недела на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје
Authors: Георгиевска Јадранка 
Тофоски Глигор 
Данева Ана 
Јовановска Викторија 
Лусјани Кефсер
Созовска Ева
Keywords: медикаментозен абортус
мифепристон
мизопростол
Issue Date: 2021
Publisher: SHMSHM - AAMD
Journal: Medicus
Abstract: Вовед: Медикаментозниот абортус претставува прекин на бременост со примена на таблети и според препораките на Светската Здравствена Организација претставува ефикасна и безбедна опција за пациентките. Со набавката на лековите потребни за медикаментозниот прекин на бременост (МПБ) преку превентивна програма на Министерството за здравство на Р.С. Македонија во 2020 година истата стана достапна и за нашите пациентки. Со донесување на Новиот закон за прекин на бременост во Мај 2019 година и Клиничкото упатство за прекинување на бременоста во Декември 2020 година беа исполнети и законските регулативи за примена на медикаментозниот абортус. Цели: Да се утврди ефикасноста на медикаментозниот прекин на бременост до 12-тата гестациска недела, преку утврдување на процентот на успешно завршени абортуси без потреба од дополнителна интервенција (киретажа). Да се утврди прифатливоста на методата преку утврдување на процентот на пациентки кои се задоволни од методата и би ја препорачале на свои пријателки. Материјал и методи: Во студијата се опфатени 123 пациентки на репродуктивна возраст кај кои е изведен медикаментозен прекин на бременост (МПБ) во прв триместар на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во период од 01.10.2020 година до 01.07.2021 година. За реализација на целите на студијата изготвени се: 1. Протокол за примена на медикаментите (Мифипристон и Мизопростол), кој опфаќа дозажа, дози, начин на апликација, временски интервал од примена на Мифепристон до Мизопростол, контролен преглед, советување за контрацепција. 2. Прашалник за задоволство на пациентките од медикаментозниот прекин на бременост (МПБ). Резултати: Медикаментозниот абортус во првиот триместар од бременоста бил успешен кај 112 пациентки (91,1%). Инструментална ревизија на шуплината на матката заради пролонгирано крварење или заради резидуални маси во шуплината на матката била направена кај 11 пациенкти (8,9%). Мизопростол бил додаден за завршување на МПБ кај 26 пациентки (18,7%). Во однос на задоволство од методата 98 пациентки (79,7%) се изјасниле дека се многу задоволни, донекаде задоволни биле 10 пациентки (8,1%), незадоволни биле 4 пациентки (3,3%). Заклучоци: Медикаментозниот абортус претставува ефикасна метода за прекин на бременост во првиот триместар, со помалку компликации во однос на хируршкиот абортус. Истиот може да се изведува во домашни услови што е особено важно бидејќи се наоѓаме во пандемија со корона вирус. Во ретки случаеви е потребна хоспитализација на пациентките. Воведувањето на едноставна, нехируршка метода за прекин на бременост претставува значаен чекор напред во подобрување на репродуктивното здравје на жените.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21783
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
medicus-dhjetor-2021.pdf1.6 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

305
checked on Apr 29, 2024

Download(s)

95
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.