Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/20449| Наслов: | За интернационализацијата на фразеологијата | Authors: | Мирчевска-Бошева, Биляна | Keywords: | фразеологија, калки, македонски јазик | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Пермский государственный национальный исследовательский университет | Journal: | Евразийский гуманитарный журнал | Abstract: | Македонскиот јазик и култура се проткаени и збогатувани со повеќевековни контакти со други јазици и културни традиции. Тоа влијание се одразува на сите јазични рамништа, па и на фразеолошкото. Иако фразеологијата традиционално се смета за ризница на националните специфики, на архаични зборови и структури поврзани со обичаите, традициите и верувањата на еден народ, последователните споредби на фраземите во повеќе јазици водат до заклучок дека повеќето од нив не се национално-специфични, туку интернационални. Целта на овој труд е анализа на фразеолошките калки како важен механизам за интернационализација врз основа на материјал од македонскиот јазик. Нивното проучување е пропратено со бројни тешкотии поврзани со разграничувањето на исконските од фраземите кои настанале под влијание на други јазици имајќи предвид дека станува збор за структури составени од домашни елементи со странски модел кој дал поттик за реализација. Ексцерпираниот материјал е класифициран според изворите или јазиците кои извршиле директно влијание на појавата на овие јазични единици. Покрај очекуваниот слој фраземи кои припаѓаат на општоевропскиот фонд и кои се мотивирани од Библијата, митологијата, историските ликови и настани, општопознати цитати и слично, овде се издвоени и фразеолошките калки кои во македoнскиот јазик се појавуваат под влијание на турскиот, српскиот и англискиот јазик во различни периоди и при различни општествени и политички услови. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/20449 |
| Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Прикажи целосна запис
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.