Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/19298
Title: СОМАТСКИ ФРАЗЕМИ: Паралелни фразеолошки корпуси
Other Titles: <http://frazemi.finki.ukim.mk>
Authors: Јасминка Делова-Силјанова, Милица Миркуловска
Keywords: македонски јазик, полски јазик, чешки јазик, соматски фраземи, паралелни јазични ресурси
Issue Date: 2018
Publisher: специјално издание. УКИМ, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков “– Скопје
Conference: Реферати на македонските слависти на VI меѓународен славистички конгрес во Белград, Р. Србија
Abstract: Преведувањето на фразеолошките изрази претставува еден од најсложените проблеми на уметноста на преведувањето и на теориски и на практичен план. Фраземата обично, покрај единственото лексичко значење, ја чува и националната специфичност и сликовитост изразени во одредени лексички единици што се нејзин составен дел. Од овој аспект појдовме кога на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје започнавме проект под наслов „Паралелни фразеолошки корпуси“ чија главна цел беше создавање база на македонски соматски фраземи и нивни еквиваленти во рускиот, во полскиот, во чешкиот и во францускиот јазик која би давала можност за брзо пребарување и проучување на фразеологијата на вклучените јазици. Ваквата електронска база претставува корисна алатка која може да најде примена при учење на јазикот,при преведување,при компаративни истражувања,при лексиколошки и лексикографски истражувања,при составувањето на двојазични речници,како извор на наставен материјал и сл. Во нашиот труд ги ќе го разгледаме материјалот опфатен во рамките на овој проект, а посебно ќе се задржиме на теоретскиот пристап и начинот на обработка на соматските фраземи, со осврт на примерите од македонскиот, од чешкиот и од полскиот јазик.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/19298
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

22
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.