Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1839
Title: Новите семејни вредности
Other Titles: New family values
Authors: Радуловиќ, Македонка 
Keywords: семејни вредности, семејство, социјализација, воспитување
Issue Date: 2017
Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип
Source: Радуловиќ, M. (2017). „Новите семејни вредности“. Зборник на трудови, Универзитет Гоце Делчев, Штип.
Conference: Четврта меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“
Abstract: Вредностите се рефлексија на тоа што сме, на нашето битие и на нашето уникатно наследство. Тие го покажуваат она во кое што веруваме, она кое што го одобруваме и посакуваме за себе. Сигурноста во врска со нашите вредности ни дозволува и не охрабрува да ги оствариме приоритетите и да донесеме одлуки со кои ќе можеме да живееме. Вредностите ги наследуваме од нашите родители и ги учиме преку процесот на социјализација, кој првенствено се остварува во рамките на семејството. Тоа што го учиме од нашите родители во текот на детството го гради нашиот карактер и ни служи во животот. Всушност, семејните вредности претставуваат збир на моралните, општествените, политичките, религиските и работните вредности кои ги усвојуваме и кои не следат во текот на нашиот живот. Современиот начин на живот и глобализацијата влијаат на семејствата на многу начини: на моделот, формата, бројноста на семејствата, на функциите и на начинот на кои што се разбира семејното живеење. Оттаму, логично е да се претпостави дека се менуваат моделите на воспитување и вредностите кои се учат во рамките на семејството. Предизвикот да се подигне сeмејство во општество кое се менува може да биде загрижувачко. Овој труд се занимава со прашањето за новите семејни вредности. Дали младите луѓе ги учат вредностите во семејното опкружување? Кои вредностите се најважни? На кои вредности сакаат да ги научат нивните деца?....се дел од прашањата кои ќе помогнат да се утврдат промените и да се актуелизира прашањето за новите семејни вредности.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1839
ISBN: 978-608-244-423-3
Appears in Collections:Faculty of Philosophy, Collection 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File SizeFormat 
Новите семејни вредности.docx40.62 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Show full item record

Page view(s)

12
checked on Aug 25, 2019

Download(s)

1
checked on Aug 25, 2019

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.