Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16992
Наслов: | Современи трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со посебен осврт на банките во Република Македонија | Authors: | Анѓелкоска, Валентина | Keywords: | банкарство, кредитирање, обезбедување на побарувања, наплата на побарувања, кредитен ризик, правен ризик, регулатива | Issue Date: | 2013 | Publisher: | Економски факултет, УКИМ, Скопје | Source: | Анѓелкоска, Валентина (2013). Современи трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со посебен осврт на банките во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ. | Abstract: | Предмет на истражување во оваа докторска дисертација се современите трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со детален осврт на банките во Република Македонија. Направена е анализа на светските трендови и потреби за зајакнување на функцијата на наплатата на побарувањата, како и за нивното обезбедување во банките. Даден е детален осврт на оваа многу комплексна и обемна проблематика во банкарскиот сектор во РМ, која воедно и соодветно е третирана од регулаторите. Во оваа дисертација е направен обид да се добие целосна слика на овие сегменти преку анализа на регулативата, институциите, праксата, идентификувањето на проблемите и давање на предлози за подобрување. Имено, направена е детална анализа на различните видови на обезбедувања на побарувањата, при што се лоцирани главните проблеми, но се дадени и предлози за подобрување во овие сегменти. Во делот на наплатата на побарувањата, даден е исцрпен преглед и осврт на постапките за присилна наплата, со анализа на главните нивни сегменти, идентификувани се актуелните проблеми и соодветно се дадени предлози за подобрување, како и очекувањата на банкарскиот сектор за подобрување на ефикасноста на наплатата на побарувањата. Неизоставно е анализиран кредитниот ризик, можностите за негово митигирање, како и неговата поврзаност со правниот и репутацискиот ризик кај банките. Во овој контекст дисертацијата изобилува со анализа на финансиски показатели за РМ, но и за регионот. Анализирани се неколку банки во РМ во делот на обезбедувањето и наплатата на побарувањата, управувањето со кредитниот ризик, но со оглед на тоа дека оваа дисертација дава и осврт на организациските аспекти во банките во делот на менаџирањето на овие значајни процеси, во неа е даден осврт и на организациската поставеност на банките и клучните сектори за овие процеси. Заклучните согледувања упатуваат на фактот дека оваа проблематика е достојно регулирана, законски и подзаконски. Но, исто така, даден е прецизен осврт на сегментите кои не се соодветно регулирани, односно на оние на кои им е потребно подобрување. Покрај тоа, даден е и осврт на подобрувањата што треба да ги направат банките во рамките на управувањето со процесите за обезбедување и наплата на побарувањата, како и во делот на управувањето со кредитниот ризик. | Опис: | Докторска дисертација одбранета во 2013 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Љубе Трпески. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16992 |
Appears in Collections: | UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ValentinaAngjelkoska2013.pdf | 7.69 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
27
checked on 26.9.2024
Download(s)
219
checked on 26.9.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.