Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15431
Title: Хармонизацијата на Законот за управни спорови со Законот за општата управна постапка и Европските стандарди – дилеми и перспективи
Authors: Davitkovski, Borche 
Pavlovska Daneva, Ana
Davitkovska, Elena 
Shumanovska Spasovska, Ivana 
Keywords: управен спор
управни акти
начело на закониост
полна јурисдикција
усна расправa
Issue Date: May-2017
Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација, Ј У Р У Д И К А П Р И М А
Conference: 3-та Меѓународна научна конференција „Охридска школа на правото“ на тема: „Ефективната заштита на човековите права и слободи: реалност или идеал"
Abstract: Независното и посебно управно судство во Република Македонија согласно критериумите на европско- континенталниот систем како посебна со закон уредена управно судска постапка и посебен управен суд кој ќе одлучува во управните спорови постои веќе една деценија. Претходно, до 2006 година кога во Република Македонија се донесе посебен Закон за управни спорови во Република Македонија егзистираше мешовит концепт каде надлежен за решавање на управните спорови беше Врховниот суд на Република Македонија како суд од редовна надлежност. Основната идеја и цел на управното судство беше контрола над законитоста на конкретните, конечни управни акти од страна на независен судски орган. Имено, да се заштитат физичките и правните лица од арбитрерно и незаконито работење на органите на управата, кога во управна постапка одлучуваат за нивните права, обврски и инетреси. Следствено на наведенотото, како основна цел на нашето истражување е давање одговор на прашањето дали и на кој начин управнто судство ја остварува својата улога на чувар на законитоста на управните акти, односно да се утврдат пречките и недоследностите со кои се соочува Управниот суд при остварување на оваа своја улога. Како значајни прашања кои се надоврзуваат на поставената цел и кои имаат непосредно влијание врз остварување на истата се поставуваат односот помеѓу Управниот суд и органите на управата како тужена страна во управниот спор, и ефикасното и ефективното остварување на управно судската заштита за странките кои што бараат остварување на некое свое право и кои се појавуваат како тужител во управниот спор. Одговорот на овие две прашања во текот на истражувањето ќе го добиеме пред се преку анализа на емпириските податоци од досегашното работење на Управниот суд. Имено, овој одговор е круциален за да може да ја потврдиме и нашата појдовна хипотеза, која се состои во тоа дека Управниот суд во своето работење се соочува со бројни недолседности и пречки при остварување на својата основна функција, а кои влијаат на доследното имплементирање на правните норми, но и во остварувањето на ефективна и ефикасна управно судска заштита. Тука пред се би ги нотирале извршувањето на судските пресуди, доставувањето на списи од страна на тужениот орган, одлучувањето во спор на полна јурисдикција, одржувањето на усна расправа, судењето во разумен рок и двостепеноста во управно-судската постапка. Посебен акцент во трудот авторите ставаат на потребата од измени во Законот за управни спорови, кои би требало да одат во насока на усогласувањето на овој закон со Законот за општата управна постапка и доследната примена на членот 6 од Европската конвенција за човекови слободи и права. Имено, да се остварат прашањата за проширување на предметот на одлучување на Управниот суд, воспоставување на усната расправа како правило во управно-судската постапка и деталното уредување на второстепената управно-судска заштита.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15431
Appears in Collections:Institute of Economics: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

104
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.