Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15430
Title: АГЕНЦИИТЕ – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ МОДА
Authors: Pavlovska Daneva, Ana
Shumanovska Spasovska, Ivana 
Davitkovska, Elena 
Keywords: регулаторни тела
независни органи
државна управа
јавна управа
агенции
Issue Date: May-2018
Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација, Ј У Р У Д И К А П Р И М А
Conference: 4-та Меѓународна научна конференција „Охридска школа на правото" на тема: "Реформи во правото: Чекор поблиску до владеењето на правото"
Abstract: Во Република Македонија од 2000 година до денес 2018 година се основани околу 50 самостојни органи. Кога зборуваме за самостојните органи во оваа група ги вбројуваме трите вида на самостојни органи, а тоа се самостојните органи на државна управа, независните органи и регулаторните тела. Овие органи претставуваат хетерогена појава, на кои со посебни закони кои се носат со обично мнозинство им се врши пренос на овластувања и одговорности од соодветна област. Овие органи се структурално издвоени и автономни од органите носители на законодавната, судската и извршната власт, па оттука како предмет на истражување во овој труд е да се утврди нивната положба во системот на поделба на власта, кое е разграничувањето помеѓу овие органи и утврдување на причините за нивен постојан пораст кој влијае на хиперпродукција на јавните органи. Имено, дали самостојните органи се реална потреба или мода во Република Македонија? Дали постојат конкретни утврдени правила и критериуми врз основа на кои се одлучува кога и на кој начин ќе се основа еден орган, каква е финансиската реперкусија со основањето на истите и дали над овие органи може да се спроведе контрола над ефективноста во нивното работење? При тоа, како основна цел на истражувањето е да се укаже на потребата од донесување на посебен закон со кој ќе се уредат основните стандарди и принципи за работењето на независните органи како и утврдување на критериуми кои треба да се исполнат за да може да се основа независен орган. Едноставно постои потреба од унифицирани критериуми, посебно во однос на статусот на вработените, одговорноста, платите и сл. Ова од друга страна укажува дека е потребна нивна рационализација на која би претходеле детална функционална и институционална анализа. Односно потребно е да се утврди економската и финансиската целисходност на основање на регулаторните тела и да не се создава преклопување на надлежностите помеѓу повеќе органи.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15430
Appears in Collections:Institute of Economics: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

37
checked on Oct 6, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.