Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12403
Title: Placenta previa increta: Case report за успешен менаџмент и оперативен третман на ургентна обстетричка операција
Authors: Габриела Бушиноска Иванова 
Клементина Кузеска
Јорданчо Иванов
Ррезеарта Елези
Keywords: placenta previa increta
царски рез
хистеректомија
ризична бременост
крварење
новородено
Issue Date: Apr-2021
Publisher: Association of the Albanian Doctors from Macedonia
Journal: MEDICUS
Abstract: Placenta previa increta е ретка компликација во бременоста, која е асоцирана со големо интра и постпартално крварење и најчесто по породување завршува со отстранување на матката- хистеректомија. Како што расте бројот на царски резови, така се зголемува и инциденцата на оваа состојба, која игра значајна улога во мајчиниот и неонаталниот морталитет. Ова е клиничка презентација на редок случај на ризична бременост, со Placenta previa increta кај 33 годишна трудница, со лошо акушерско минато (гравида 3, пара 1). Пациентката е примена како итен случај за завршување на породувањето во 33,1 г.н. од бременоста со породилни контракции, претходно контролирана во друга болница. Ултразвукот покажа дека се работи за тотална плацента превиа која го инвадираше зидот на матката и цервиксот, што се прикажа со Doppler ултразвук. Состојба на плодот беше уредна во карлична презентација. Беше добиен податок дека два дена претходно, било спроведено зреење за матурација на плодот со Флостерон во две дози. Пациентката беше итно примена, и предоперативно се направија итни клинички и лабораториски иследувања. Се вклучи токолиза со Атосибан, но контракциите не престанаа и се одлучи породувањето да се заврши со итен царски рез. По добивање на лабораториските анализи и обезбедување на крвни деривати, пациентката се внесе во операциона сала и во општа анестезија се отвори абдомен, со инфраумбиликален рез и породувањето се изврши со корпорален рез на матката. Беше породено здраво женско новородено со тежина 2060 гр., добиено во добра кондиција со АПГАР скор 6/7. Поради обилно и континуирано крварење, кое доаѓаше од долниот сегмент на матката каде беше врасната постелката, а кое го загрозуваше животот на мајката се одлучи да се направи тотална хистетректомија и да се отстрани матката. Истата се направи со тотално отстранување на матката, без аднексектомија, поради возраста на пациентката. Интраоперативно пациентката прими 4 единици декантирани еритроцити и 4 плазми. Постоперативниот тек на родилката беше стабилен, со супституција со крвни деривати, двојна антибиотска терапија, тромбопрофилактична терапија и ја напушти болницата после 5 дена од породувањето и оперцијата, без дополнителни компликации. Резултатот од хисто-патолошката анализа на извадениот препарат, покажа дека се работи за Placenta previa increta, со пробив на хорионските ресички и трофобластот низ целиот зид на долниот сегмент на матката и цервиксот до параметрата. Најчесто ваквите случаи во светот завршуваат со оперативно отстранување на матката и смртноста за мајката и новороденото може да биде голема. Ваквите случаи треба внимателно да се менаџираат и кога ке се откријат во тек на бременоста, да бидат постојано под лекарски надзор или хоспитализација и со навремено завршување на породувањето, за сведување на минимум на компликациите по мајката и новороденото.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12403
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

137
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.