Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12285
Наслов: Одржувањето на јавните патишта и штетите предизвикани од животни: критика на секторските правила
Other Titles: Maintenance of public roads and harms caused by animals: a critique of the sectorial rules
Authors: Гавриловиќ, Ненад
Keywords: штета, животни, јавни патишта, одговорни субјекти, секторски правила, граници на одговорноста
Issue Date: 2017
Publisher: Јуридика Прима
Conference: 3-та Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото 2017 - Ефективната заштита на човековите права и слободи: реалност или идеал
Abstract: Традиционално, проблематиката на штетите настанати на јавните патишта се уредува со секторски правила. Ваква е состојбата и на домашните прописи и истите се однесуваат и на штетите на јавните патишта чиј што извор се животни. Во трудот, нивната соодветност се разгледува од неколку аспекти. Најпрво, начелно се разгледува соодветноста на секторските правила во контекст на општиот режим за одговорноста за штета предизвикана од животни уреден во Законот за облигационите односи, особено по неговата новелација извршена во 2008 година. Понатаму, се анализира проблематиката на кругот одговорни субјекти според секторските правила, а во контекст на законските обврски на соодветните субјекти задолжени за одржување на јавните патишта. Конечно, се разгледаат границите на одговорноста на соодветните субјекти во смисла на изречните секторски правила. Се изнесуваат, притоа, критички ставови за правно-политичката основаност и соодветноста на секторските правила.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12285
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
steta_patista.pdf362.86 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

26
checked on 21.7.2025

Download(s)

128
checked on 21.7.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.