DSpace Collection:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/163
2024-03-28T18:08:33ZПрирачник за практична настава по предметот основи на фармакологија: студиска програма магистер по фармација
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29748
Title: Прирачник за практична настава по предметот основи на фармакологија: студиска програма магистер по фармација
Authors: Mladenovska, Kristina; Zafirov, Dimche; Sterjev, Zoran; Matevska Geshkovska, Nadica; Kapedanovska Nestorovska, Aleksandra; Naumovska, Zorica; Jakjovski, Krume; Trojachanec, Jasmina; Staninova, Marija2024-01-01T00:00:00ZПрактикум по судска медицина
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29537
Title: Практикум по судска медицина
Authors: Наташа Давчева
Description: ПРЕДГОВОР
Практикумот по судска медицина претставува водич низ практичната настава по предметот судска медицина, наменет за студентите по општа медицина и стоматологија. Во него се сместени 12 поглавја кои соодветствуваат со програмата за вежби по судска медицина на Факултетот по медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Првите четири поглавја се од областа на Форензичната патологија, односно работа со кадавери во аутопсионата сала. Во следното поглавје, Форензична криминалистика, изложени се методите на вештачење на траги од биолошки материјал, како што се: крв, влакна и сперма. Во овој дел се сместени и методите на траги од барутна експолозија при огнострелните повреди.
Во поглавјето Клинична форензична медицина студентот, утрешниот дипломиран доктор на медицина, добива насоки и знаење за тоа што е неопходно да се преземе при преглед на жртви од силување и други видови на полови деликти. Во овој дел спаѓа, исто така, и утврдувањето, документирањето и квалификувањето на телесните повреди. Во следното поглавје за Лекарско уверение дадени се основните начела на процесот на вештачењето, односот на лекарот-вештак кон лицето кое го прегледува, како и морално-правната одговорност на лекарот кој се наоѓа во улога на вештак. Едно од поглавјата во овој практикум, Идентификација, е посветено на конвенционалните, но и модерните методи за утврдување на идентитет на лица, мртви тела и остатоци од тела.
Со огромно внимание и почит кон потребите на студентот да има со себе водич низ практичната настава по судска медицина, искрено се надевам дека Практикумот по судска медицина ќе биде широко користен и лесен за употреба.
Автор
Наташа Давчева2019-01-01T00:00:00ZЗбирка предавања по судска медицина
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29536
Title: Збирка предавања по судска медицина
Authors: Наташа Давчева
Description: ПРЕДГОВОР
Збирката на предавања по судска медицина се издава како водич низ теоретската настава по предметот судска медицина, наменет за студентите по општа медицина и стоматологија. Во него се сместени 12 поглавја кои соодветствуваат со програмата за теоретска настава по судска медицина на Факултетот по медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Со огромно внимание и почит кон потребите на студентот да има со себе водич низ теоретската настава по судска медицина, искрено се надевам дека Збирката на предавања по судска медицина ќе биде широко користена и лесна за употреба.
Автор
Наташа Давчева2022-01-01T00:00:00ZСОВЕТИ ЗА ВОНБОЛНИЧКО СПРАВУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ ПАЦИЕНТИ СО ПЕРЗИСТЕНТНСИ СИМПТОМИ ПО СЛЕ А КУТН А КОВИД-19 ИНФЕКЦИЈА “ДОЛГ КОВИД"
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29482
Title: СОВЕТИ ЗА ВОНБОЛНИЧКО СПРАВУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ ПАЦИЕНТИ СО ПЕРЗИСТЕНТНСИ СИМПТОМИ ПО СЛЕ А КУТН А КОВИД-19 ИНФЕКЦИЈА “ДОЛГ КОВИД"
Authors: Marija Dimzova
Abstract: ВОВЕД
Процесот на опоравување од КОВИД-19 претставува континуиран процес, на почетокот на
акутната фаза менаџирањето на болеста се фокусира на детектирање и лекување на
акутните со КОВИД-19 поврзани компликации, но одредени пациенти после акутната фаза
на болеста изискуваат евалуација и менаџирање поради перзистирање или појава на нови
симптоми.
Не постои стандардизирана дефиниција на состојбата но во најширока смисла на зборот,
за “долг КОВИД”, односно пост-КОВИД состојби се смета отсуството на враќање на
претходната здравствена состојба после акутна КОВИД-19 болест, какои и развој на нови
или рекурентни симптоми или појава на пре-егзистентни состојби кои се јавуваат после
резолуција на симптомите на акутната КОВИД-19 болест.
ДЕФИНИЦИЈА
Според Центарот за превенција на болест на САД (CDC) и Светската Здравствена
Организација (СЗО) предложени се следните дефиниции за стадиумите на опоравување од
КОВИД-19:
• Акутен КОВИД-19 –симптоми на КОВИД-19 кои перзистираат до 4 недели после
акутна појава на болеста;
• Пост-КОВИД состојби- опфаќaат широк спектар на симптоми (физички и
ментални) кои се јавуваат за време на или после КОВИД-19, траат ≥ 2 месеци и не
можат да се објаснат со алтернативна дијагноза, а се јавуваат и кај оние пациенти
кои иницијално имале лесна или асимптоматска акутна инфекција со САРС-КоВ-2.2022-11-01T00:00:00Z